Откако во текот на минатата недела ги почна подготовките со својот нов тим Тренто, македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски денеска им се претстави на Италијанците преку профилите на социјалните мрежи на клубот.
Јакимовски е едно од неколкуте засилувања на Тренто кој претстојната сезона ќе се натпреварува во Еврокупот и ќе се обиде да ги повторите успесите од минатата во која, меѓу другото, го освои Купот на Италија.
„Го избрав Тренто бидејќи од првиот повик на тренерот и генералниот менаџер се почувствував како дел од семејството. По пет години на колеџ, среќен сум што се вратив во Италија, во прекрасен град и одличен клуб. Тренто е млад и ‘гладен’ тим и со нетрпение чекам да заиграм в сабота на Мелинда купот“, изјави Јакимовски.
За него претстојната сезона ќе биде прва во сениорската европска кошарка откако претходните пет години ги помина во НЦАА, прво во Вашингтон Стејт, а потоа во Колорадо.


