Италијанскиот прволигаш Тренто го доживеа вториот пораз во Еврокупот откако вечерва загуби на гостувањето кај Лондон Лајонс со 71-87.
Иако поразот сам по себе е убедлив, кошаркарите на Тренто можат дури да бидат задоволни од конечниот исход бидејќи во третата четвртина домаќинот водеше и со 39 поени разлика (65-26). Со серија од 13-0, Италијанците подоцна намалија третина од негативата за во последниот период да дојдат на само -9 (69-78). Сепак, Лондон Лајонс не дозволи сензација, го заврши мечот со серија од 9-2 и дојде до убедлива победа.
Од овој меч може да радува одличниот ефект на македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски кој втор натпревар по ред постигнува 15 поени. Со тоа беше втор стрелец во тимот, зад најефикасниот Џонс кој постигна 22, а Јакимовски додаде и шест скока.
По три одиграни кола, Тренто е на претпоследното место на табелата со биланс 1/2, но тоа и не е толку лошо бидејќи седум екипи, од четвртата до десеттата позиција има ист скор во моментов.


