Селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски бележи фантастичен старт на својот престој во Полска.
Со својот нов тим Шлонск, 44-годишниот македонски стручњак ја оствари и третата победа во третиот натпревар откако денеска славеше на гостувањето кај Старгард со 76-69. Минатата недела, на своето деби, Јончевски го совлада Чарни Шљупск, а во текот на оваа недела, во рамките на Лигата на шампионите на ФИБА беше подобар од унгарскиот тим Фалко.
Како последица на двете побееди во низа, Шлонск се искачи на осмото место на табелата во полското првенство. Можност за продолжување на серијата, Јончевски и Шлонск имаат идната недела кога гостуваат кај еден од најслабите тимови во лигата и поранешен клуб на Емил Рајковиќ, Остров.


