Екипата на Реал ја заврши сезоната со тројна круна во шпанската кошарка откако по Суперкупот и Копа дел Реј, вечерва триумфираше и во националното првенство.
„Кралскиот клуб“ ја победи Мурсија со 3-0, а вечерва, во првиот и единствен меч како гостин славеше со 84-73. Со тоа стигна до 37. шампионски трофеј во шпанското првенство, а 15. откако тоа го носи името АЦБ лига.
Мурсија беше конкурентна во првото полувреме, на пауза замина со предност од осум поени разлика, но во третиот период Реал направи серија од 21-3 и на тој начин го сврте резултатот во своја корист. До крајот, домашниот тим не успеа да ја загрози победата на славниот ривал и остана без победа во својот прв настап од финалето.
За МВП на финалната серија беше прогласен кошаркарот на Реал, Џанан Муса кој одигра извонредно во текот на целиот плејоф.


