По фантастичното издание против Сутјеска во средата, Виктор Ташовски денеска одигра уште еден извонреден натпревар во дресот на ТФТ, овојпат во домашното првенство.
Освен тоа што постигна 27 поени, плејмејкерот на лидерот на табелата ја реализира и клучната тројка на помалку од секунда пред крајот, при нерешен резултат.
ТФТ немаше тајмаут, акцијата ја почна од под сопствениот кош, но Ташовски на нему својствен начин го претрча теренот и погоди преку човек. Со тоа, многу веројатно, на својот тим му го донесе првото место пред плејофот.


