Алесандро Пајола го реши белградското дерби во Евролигата и му донесе огромна победа на Партизан против Црвена звезда со 85-82 по продолжение во седмото коло од Евролигата.
На 17 секунди пред крајот на продолжението, при резултат 82-82, италијанскиот кошаркар погоди тројка од далечина и ја крена Белградската арена на нозе. Тоа беше ударот од кој Звезда немаше време да се врати, па „црно-белите“ триумфираа по неверојатна драма.
Партизан претходно испушти предност од 18 поени, а во продолжението се најде и во негатива од три поени. Сепак, Карлик Џонс со тројка го врати тимот во игра, пред Пајола да го зададе решавачкиот удар.
PAJOLA WHAT?! https://t.co/kcftZIDYJO
— EuroLeague (@EuroLeague) October 22, 2026


