Репрезентацијата на Турција остана со максимален ефект во квалификациите за Светското првенство откако денеска ја победи Србија во Белград со 82-78.
Ова е прв пораз за српската репрезентација во овој циклус, па сега има биланс од две победи и еден пораз, додека Турција е на водечката позиција. Турците беа подобри во текот на целиот меч, на крајот од првото полувреме водеше со 15 разлика, но Србија се врати во игра благодарение на серијата од 11-0 во финишот од третиот период.
Во последниот квартал Србија не само што ја стопи негативата, туку и дојде до првото водство на мечот (73-72), но немаше сили да ја задржи предноста и да дојде до победата.
За Турција, блескаше Тарик Биберовиќ со 22 поена, Осман додаде 16, а Јуртсевен 14. Во поразот на Србија, Богољуб Марковиќ беше најефикасен со 19 поени, додека Огњен Добриќ постигна 17 поени. И во следното коло се среќаваат овие две репрезентации, но во Истанбул.


