Репрезентацијата на Турција е четврта која обезбеди пласман во осминафиналето на Европското првенство, по Србија, Германија и Финска.
Во својот трет меч на шампионатот, Турците ја совладаа Португалија со 95-54 што е рекордна победа во досегашниот дел на првенството. Се беше решено во првото полувреме во кое блескаше Алперен Шенѓун кој постигна 14 од првите 18 поени на Турците.
Доминацијата на оваа селекција продолжи и во вториот дел, а највисоката предност на мечот изнесуваше 45 поени разлика (92-47). И Португалците беа далеку од она што го покажаа во првите две кола од првенството, па пласманот во следната фаза ќе го бркаат во дуелот со Естонија.
Шенѓун беше најефикасен играч на натпреварот со 20 поени на кои додаде 7 скока и 5 асистенции, додека Куета ја предводеше Португалија со 15 поени.


