Највозрасниот брат на Никола Јокиќ, Страхиња е обвинет за напад и прекршок од трет степен и синоќа се појавил пред Окружниот суд во Денвер.
Причина за неговото апсење тепачката, односно нападот од страна на Страхиња на еден навивач на Лос Анџелес Лејкерс, на натпревар од НБА лигата чија снимка потоа беше објавена на социјалните мрежи. Од неа јасно се гледа како највозрасниот од браќата Јокиќ го удира човекот со бокс в лице кој потоа и го пријавил случајот в полиција, покажувајќи дека има расекотини и модринки под левото око. Подоцна нему му бил дијагностициран и потрес на мозокот.
На почетокот тој не сакал да го тужи Страхиња Јокиќ бидејќи се плашел од одмазда и се грижел за безбедноста на своето семејство, но во мај се предомислил. Кога напаѓачот бил контактиран од полицијата, тој рекол дека не направил ништо лошо бидејќи бранел повозрасен човек кого го познавал долго време.


