Репрезентацијата на Германија оствари висока победа против Јапонија во првото коло од Олимписките игри во Париз.
Актуелниот светски шампион славеше со 97-77, а дури петмина кошаркари имаа двоцифрен ефект. Уште од почетокот беше јасно дека Германците се расположени за игра и дека нема ништо да остават на случајот. Јапонската репрезентација не дозволи прашањето околу победникот да биде решено уште во првото полувреме, па на голем одмор се замина со +8 за Германија, но веќе во третата четвртина беше скршен отпорот на противникот.
Најефикасен беше Франц Вагнер со 22 поена, Тајс додаде 18, а Мориц Вагнер 15. Денис Шрудер имаше голем придонес во победата, постигнувајќи 15 поени и 12 асистенции. Јапонија ги имаше Руи Хачимура со 20 поени и 10 скока и Џош Хоукинсон со 13 поени и 11 скока, недоволно за триумф на овој меч.


