Денеска официјално заврши основниот дел од првенството во шпанското првенство кое испишува нови страници во својата историја.
Првпат по пауза од 14 години, пол-позицијата пред плејофот не ја освоија Реал и Барселона. На неа се најде Уникаха која има фантастична сезона, а со победата од 93-69 против Паленсија го освои првото место во основниот дел. Последен пат такво нешто се случи во 2006 година кога тимот од Малага ја освои и единствената шампионска титула во своето постоење.

Второпласираниот Реал имаше идентичен биланс како Уникаха (28/6), но одлучија меѓусебните дуели и тоа бројот на постигнати поени на гостински терен. Двете екипи победија како гости, но Уникаха славеше во Мадрид со 99-93, а Реал во Малага со 87-81. На третото место е Барселона што значи дека е можно Ел Класико во полуфиналето од плејофот.
Разочарување на сезоната е Басконија која заврши на деветтото место и првпат по 41 година нема да учествува во разигрувањето за титулата. На тимот од Виторија му беше потребна победа против Реал, но загуби со 100-106 и не го искористи поразот на Манреса која ја освои осмата позиција.


