Легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ вечерва беше понижен во белградската Арена од неговиот довчерашен клуб Партизан, на натпреварот против нивниот најголем ривал Црвена Ѕвезда.
Иако беше јасно дека нема да присуствува на натпреварот и дека нема потреба да му се резервира место во салата, Партизан сепак го направи тоа, но на многу чуден начин. Човекот кого го почитува цел свет, доби место во вториот ред од неговиот клуб, зад американскиот новинар Брајан Виндхорст. Јасно е дека Обрадовиќ не заслужува ваков однос од клубот кој го крена од пепел, но тоа останува како уште еден грев на актуелната управа.

Нема сомнение дека „Гробари“ ќе бидат уште побесни на раководството на клубот поради оваа сцена.


