Панатинаикос ја оствари втората победа по ред и се искачи на осмото место на табелата откако вечерва на домашен терен ја совлада Црвена Звезда со 82-74.
Белградскиот тим речиси цел натпревар ја имаше контролата над резултатот, но во последната четвртина доживеа тотален колапс. Во финалните десет минути влезе со предност од седум разлика, ама Панатинаикос го почна тој квартал со 14-3, подоцна имаше 20-9 и на крајот оствари дури убедлива победа. Во последната четвртина грчкиот тим погоди дури шест тројки и 18 од вкупно 27 поени постигна од дистанца.
Во клучните моменти на сцена стапија Хејс Дејвис и Нан кои беа и најефикасни во тимот на Панатинаикос, а двајцата погодија шест од вкупно десет тројки на нивниот тим.
Со оваа победа, Панатинаикос се израмни со Звезда и сега дури пет екипи имаат биланс 18/14, а веднаш зад нив е Дубаи со 17/15. ПАО во следното коло гостува токму кај тимот од Обединетите Арапски Емирати кој периодов како домаќин игра во Сараево.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Олимпија Милано 79-75
Жалгирис – Реал 87-85
Панатиинаикос – Црвена Звезда 82-74
Асвел – Макаби 85-89


