Десеткуваната репрезентација на Србија ја победи Финска со 77-61 на стартот од квалификациите за Европското првенство.
Иако триумфот е убедлив, Србите немаа толку лесни работа, а се до финишот од третиот период беше израмнето или противникот се наоѓаше во водство. Одлучи серијата од 28-3 во периодот меѓу третиот и последниот квартал по кој Србија од негатива од 39-48 отиде на 67-51 и практично го реши прашањето околу победникот.

Најзаслужен за пресвртот беше Алекса Аврамовиќ кој внесе енергија во репрезентацијата и 15 од своите 18 поени постигна во тоа второ полувреме. Голем придонес имаше и Лука Митровиќ кој заврши со 19 поени и 9 скока, но својот ефект го подели во двете полувремиња. Во финската репрезентација, најефикасен беше Јантунен со 11 поени.
Во истата група се случи најголемото изненадување во првото коло од квалификациите откако Данска ја совлада Грузија со 75-69.


