Покрај Марко Лукановски, босанскиот клуб Игокеа во новата сезона ќе има уште еден член на јуниорската репрезентација на Македонија која претходното лето го освои златото на Европското првенство Б-дивизија во Скопје.
Нов член на Игокеа е довчерашниот член на Водно Санс, Коста Ќириловски, 18-годишен крилен играч со одлични предиспозиции, висок 198 сантиметри. Последните години е стандарден репрезентативец на Македонија во сите категории и играч за кого стручњаците во земјава тврдат дека го очекува блескава кариера.

На Европското првенство во Скопје, Ќириловски имаше ефект од 10,9 поени, 5,6 скока и 2,9 асистенции и беше еден од најдобрите во македонската репрезентација.


