Екипата на Работнички ја бетонира ложата вечер на македонските претставници во АБА 2 откако доживеа дебакл на гостувањето кај Босна.
Најтрофејниот македонски клуб загуби во Сараево со 58-84 и со тоа дефинитивно ги загуби сите шанси за пласман во следната фаза, ако воопшто некој се надеваше на такво нешто. Клучна беше втората четвртина во која Работнички постигна само пет поени, па Босна на полувреме замина со предност од 46-21.
Во такви услови, второто полувреме остана само формалност, па во растоварена атмосфера, Работнички успеа барем да избегне уште потежок пораз.
Имран Полутак повторно беше најдобар играч на Работнички и единствен со двоцифрен број поени – 19. Во последните две кола, нашиот тим ја пречекува Војводина и гостува кај Сутјеска по што ќе ја заврши очајната епизода во АБА 2 лигата.


