Иако веќе еден месец се зборува дека е договорен трансферот во Олимпија Милано, за потписот на Ненад Димитријевиќ се заинтересира уште еден евролигаш.
Станува збор за Басконија која има желба да го врати Димитријевиќ во Шпанија откако македонскиот репрезентативец порано настапуваше за Хувентут и потоа потпиша, но не заигра за Валенсија. Интересно е тоа што Басконија во моментов нема тренер бидејќи неодамна го отпушти Душко Ивановиќ, па нејасно е кој е заинтересиран за Димитријевиќ.
Македонскиот плејмејкер вчера официјално ја заврши сезоната со Уникс откако загуби во финалето од ЦСКА со 1-4. Наскоро треба да биде објавено дали ќе продолжи во Олимпија Милано или можеби ќе се врати во Шпанија.


