Македонскиот првак МЗТ Скопје го продолжи договорот со интернационалецот од Хрватска, Марко Баковиќ кој и идната сезона ќе остане во екипата на Васко Атанасов.
Тој е осми кошаркар во тимот од Аеродром, а седми кој учествуваше во освојувањето на 11. шампионска титула, покрај браќата Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Пњтков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ. Баковиќ беше еден од најдобрите играчи во МЗТ Скопје, со просек од 11,3 поени и 4,9 скока, а од своја страна уште по завршувањето на сезоната изрази ѓелба да остане во тимот.
Од странските кошаркари од минатата сезона, Баковиќ е прв, а можеби и ќе биде единствен, кој ја продолжи соработката со МЗТ Скопје. Танасковиќ веќе се пресели во Мега, Делалиќ во Босна, а неизвесно е каде ќе играат Џон Гилон и Ејасу Ворку.


