По пауза од две години, поранешниот македонски репрезентативец Џејкоб Вајли се враќа во шпанското првенство.
Од денеска, тој е член на тамошниот прволигаш Гранада каде се сели од австралискиот тим Аделејд каде играше претходната полусезона. Настапувајќи за овој тим, тој просечно постигнуваше 10,5 поени, 7,3 скока и 2,1 асистенција, а со својот нов клуб потпиша до крајот на оваа сезона.
Вајли одлично ја познава шпанската кошарка бидејќи во минатото беше член на Гран Канарија и на Бетис. Гранада во моментов се наоѓа на 16. позиција во АЦБ лигата и до крајот на сезоната ќе води жестока борба за опстанок.
Во шампионатот на Шпанија настапува уште еден поранешен македонски репрезентативец – Џордан Теодор кој од неодамна го носи дресот на Басконија.


