Американскиот интернационалец со азербејџански пасош Зек Ледеј официјално го напушти Партизан, по три сезони поминати во клубот.
Поранешниот европски шампион денеска се прости од играчот кој остави длабока трага во него. Интересно е тоа што си оди во исто време со Кевин Пантер со кого и дојде во 2021 година.
„По три сезони, Зек Ледеј летово си оди од Партизан. Човекот кој остави длабока трага и стана миленик на навивачите на Партизан, постигна спогодба врз основа на која нашите патишта ќе се разделат. Како и Кевин Пантер, Зек Ледеј останува засекогаш дел од црно-белото семејство“, пишува во соопштението на Партизан.
Засега не е точно потврдено каде Ледеј ќе ја продолжи кариерата, но се зборуваше дека ќе се врати во Олимпија Милано од каде дојде во Партизан.


