Покрај Хапоел Тел Авив и Црвена Звезда, уште еден клуб што учествува во Евролигата се вклучи во трката за македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.
Станува збор за најтрофејниот италијански тим Олимпија Милано кој и лани беше заинтересиран за плејмејкерот, но Шортс тогаш одлучи да се пресели во Панатинаикос. Првата сезона во Грција беше комплицирана за него, па се очекува да ја промени средината во текот на летото.
Олимпија Милано во моментов го игра плејофот од италијанското првенство и е фаворит за титулата и покрај присуството на актуелниот шампион Виртус. Култниот клуб е познат по тоа што во него играа голем број македонски репрезентативци како Ненад Димитријевиќ, Петар Наумоски, Владо Илиевски, Џордан Теодор итн.


