По Бранко Лазиќ, екипата на Црвена Звезда остана без уште еден исклучително важен домашен играч и легенда на клубот.
Како што беше најавено минатиот месец, член на „црвено-белите“ повеќе не е Лука Митровиќ кој си заминува по вкупно девет сезонни поминати во екипата, 3.932 постигнати поени, 524 одиграни натпревари и 19 освоени трофеи. По бројот на одиграни натпревари е на второто место, зад Лазиќ.
Лука Митровић је још један играч који је по утицају који је имао, трагу који је оставио у Црвеној звезди, трофејима које је освајао, капитенској траци коју је носио – великан нашег клуба у сваком смислу!
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) August 24, 2025
Црвено бели дрес по први пут обукао још далеке 2012. године када је стигао… pic.twitter.com/jwwzZTH2PR
Митровиќ првпат дојде во Звезда во 2012 година од Хемофарм, меѓу „црвено-белите“ помина пет сезони по што играше за Бамберг, Мурсија, Манреса, Хапоел Ерусалим и Будуќност, пред да се врати во Звезда во 2021 година.
Засега нема најави каде би можел Митровиќ да ја продолжи кариерата, но не е исклучено да остане во АБА лигата.


