Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ повторно ги разгоре надежите на навивачите на Партизан дека еден ден повторно ќе го облече црно-белиот дрес.
Иако ова лето остана во НБА и кариерата ќе ја продолжи во Хјустон Рокетс, Богдановиќ во интервју за црногорските медиуми истакна дека Партизан секогаш има посебно место во неговото срце.
„Од Партизан не се заминува. Ќе видиме што ќе донесе иднината. Уште сонувам да се вратам во Партизан“, изјави Богдановиќ, оставајќи ја отворена можноста во иднина да се врати во клубот каде што се афирмираше како еден од најдобрите европски бекови.
Во моментов искусниот српски репрезентативец се одмора на црногорското приморје, каде што откри дека секое лето барем дел од одморот го минува на Јадранот, но вниманието на јавноста најмногу го привлече неговата изјава поврзана со Партизан.
Во изминатиот период често се шпекулираше за можен камбек на Богдановиќ во Белград, но тој засега останува во најсилната кошаркарска лига во светот.


