Утре, 23 октомври 2024 година, по повод национаниот празник Ден на македонската национална борба, во Тетово во организација на КК Љуботен и во соработка со Кошаркарската федерација на Македонија, ќе се одржи традиционален турнир во кошарка за кошаркари до 16 години на кој ќе учествуваат екипите на: Љуботен, ИБА Скопје, МЗТ Скопје и Гостивар.

Натпреварите започнуваат во 9.00 часот, а ќе се играат во спортската сала при Средното Економско училиште 8-ми Септември во Тетово.
По завршување на турнирот ќе се одржи кратка презентација на Кошаркарскиот камп “РЕБРАЧА” и демо тренинг од страна на Проф. Владимир Мирковски.


