Првата ѕвезда на Индијана Пејсерс, Тајрис Халибартон ја скина Ахиловата тетива на седмиот натпревар од финалето во НБА лигата и пред него е долг процес на рехабилитација пред да се врати на кошаркарските терени.
За вакви повреди, вообичаениот период за заздравување изнесува меѓу 6 и 12 месеци, но со оглед на тоа што Халибартон претходно имал и повреда на листот, американските стручњаци најавуваат дека со огромна сигурност може да се прогнозира дека ќе ја пропушти целата следна сезона. Најраното враќање на терените би можело да се случи кон крајот на 2026 или почетокот на 2027 година.
Засега ова се само претпоставки кои треба да бидат потврдени или демантирани во периодот што претстои, но најмногу од тоа како ќе тече процесот на рехабилитација на Халибартон.


