Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија, Александар Милојевиќ ја закажа ждрепката за новата сезона во Првата лига за мажи.
Ждрепката ќе се одржи в четврток, на 5 септември од 12 часот во просториите на Федерацијата и тогаш ќе се знае распоредот за сезоната која претстои. Ако нема дополнителни измени, првенството ќе стартува во првиот викенд од октомври (5/6), а сезоната ќе почне една недела порано со Суперкупот на Македонија меѓу МЗТ Скопје и Пелистер.
Покрај ждрепката, в четврток ќе се бира и претседател на Здружението на прволигаши за сезоната 2024/25.


