Жељко Обрадовиќ е најдобар европски тренер во историјата, но факт е дека работите по неговото враќање во Партизан не одат како што се очекуваше.
Од вкупно десет трофеи досега, тој освои само еден, ланскиот во АБА лигата, а годинава доживеа едно од најголемите понижувања во својата богата кариера. Поразот со 0-3 од Црвена Звезда во финалето на АБА е прв за него, остварен без ниедна победа, по пауза од 25 години. Такво нешто, последен пат му се случи во 1999 година кога како тренер на Бенетон изгуби со истиот резултат од Варезе во финалето од италијанскиот плејоф.
Меѓу другото, под негово водство Партизан првпат загуби во финале од АБА лигата со 0-3, а оваа година Обрадовиќ има 0/6 во дуелите со Црвена Звезда.


