Репрезентацијата на Грција ќе ѝ биде ривал на Турција во првото полуфинале на Европското првенство.
Без поголеми проблеми, Грците вечерва ја победија Литванија со 87-76 и првпат по 2009 година се меѓу четирите најдобри на континентот. Ова е и најголем успех на репрезентацијата во „ерата на Адетокунбо“ по што ќе се бори за својот петти медал во историјата.
Грција доминираше во најголемиот дел од мечот, водеше повеќе од половина час, а Литванија даде отпор само во првото полувреме. Отвори со 7-0 што беше и најголема предност за балтичката селекција, но предност брзо беше анулирана и на средина од вториот период Грцијан имаше двоцифрена разлика во своја корист (35-24).
Литванците не се предадоа, намалија на еден поен пред крајот на првото полувреме, но Грција на почетокот од третиот период повторно се оддалечи и речиси цела последна четвртина имаше двоцифрена предност.
Повторно најдобар во грчката репрезентација беше Јанис Адетокунбо кој постигна 29 поени и 6 скока, Толиопулос додаде 17, а Слукас 11 поени. На спротивната страна Валанчиунас одигра монструозен натпревар, реализира 24 поени и 15 скока, но немаше соодветна помош од соиграчите.


