По вторпат во историјата на клубот, Валенсија е шампион на Шпанија! Најпријатното изненадување во европската кошарка оваа сезона ја победи Барселона со 108-84 во Блауграна и со вкупни 3-1 во серијата стигна до шампионскиот пехар. Ова е втор пехар сезонава за Валенсија бидејќи на почетокот го освои и Суперкупот со триумфот против Реал во финалето.
Што се однесува до четвртиот натпревар, Валенсија успеа да го наметне својот ритам од самиот почеток и да ја натера Барса да игра на нејзината музика. Торнике Шенгелија делумно ја одржуваше рамнотежата, Кевин Пантер на моменти исто така, а Николас Лапровитола беше исклучително корисен од клупата, но сепак…
Валенсија постигна 49 поени на полувремето, потоа 35 само во третата четвртина и на крајот дури убедливо ја победи Барселона и тоа на нејзин терен. Херој на оваа победа беше Жан Монтеро со 23 поени, 2 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки и апсолутно заслужено го освои МВП признанието. За Барселона, Кевин Пантер постигна 26 поени, но тоа беше далеку од доволно за победа на каталонскиот тим. Претходно, Валенсија стана шампион на Шпанија цо 2017 година.
Сега со титулата се закити и македонскиот репрезентативец Омари Мур кој во ноември минатата година дебитираше за нашиот национален тим.


