Денеска во 12 часот, Партизан ќе го претстави своето прво засилување за новата сезона во која, по се изгледа, ќе влезе со драстично променет состав.
Меѓу „црно-белите“ се враќа поранешниот капитен и производ на школата на клубот Вања Маринковиќ кој таму ја почна професионалната кариера и беше дел од тимот до 2019 година. Во меѓувреме играше за шпанските прволигаши Валенсија и Басконија за сега, на 27-годишна возраст, да одлучи да се врати во тимот на неговиот живот.
Своевремено, на само 17 години, Маринковиќ не само што беше стандарден првотимец на Партизан, туку и капитен на екипата, најмлад во историјата на клубот. Минатата сезона, во дресот на Басконија, имаше просек од 11 поени, 2,5 скока и 1,5 асистенции по натпревар во Евролигата.


