Од денеска до недела, Кошаркарскиот клуб Вардар ќе биде домаќин на турнир од Европската младинска кошаркарска лига (EYBL), во конкуренција на играчи до 16 години.
Натпреварите ќе се играат во малата сала во СРЦ „Кале“, а од македонските клубови, покрај домаќинот Вардар, ќе учествуваат и ИБА Академија и Работнички. Од странските клубови, ќе настапат: Фрисхусет од Шведска, НАБА од Ирска, Пантер и Будва Баскет од Црна Гора и Академи Истанбул и Титан од Турција.

EYBL е најмасовно и најреномирано младинско кошаркарско клупско првенство во Европа за играчи на возраст од 12, 14, 16, 17, 18 и 19 години. Тоа е и најреномирана организација за организирање Европски младински лиги, а на турнирот во Скопје ќе биде гостин и сопственикот на лигата од Будимпешта.
Првопласираните три екипи на турнирот во Скопје ќе обезбедат пласман на завршниот турнир од ова натпреварување.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕКИПИ
ВАРДАР
16.01.2025 Вардар – Наба 18:00
17.01.2025 Вардар – Фрисхусет 14:00
18.01.2025 Вардар – Титан 19:00
19.01.2025 Вардар – Академи Истанбул 13:00
19.01.2025 Вардар – ИБА (ако е потребно)
19.01.2025 Вардар – Работнички (ако е потребно)
ИБА АКАДЕМИЈА
16.01.2025 ИБА – Титан 16:00
17.01.2025 ИБА – Работнички 10:00
18.01.2025 ИБА – Фрисхусет 15:00
19.01.2025 ИБА – Будва Баскет 15:00
19.01.2025 ИБА – Вардар (ако е потребно)
РАБОТНИЧКИ
17.01.2025 Работнички – ИБА 10:00
17.01.2025 Работнички – Аакадеми Истанбул 18:00
18.01.2025 Работнички – Титан 13:00
19.01.2025 Работнички – Пантер 11:00
19.01.2025 Работнички – Вардар (ако е потребно)
*Натпреварите за пласман се играат на


