По освоените титули кај момчињата, академијата на Вардар продолжи со жнеење трофеи и во женска конкуренција.
Денеска, екипите на Вардар до 14 и 18 години станаа државни шампиони во своите категории на завршните турнири што се одржаа во Скопје и Делчево. Пионерките во Кале го совладаа Јасмин од Кавадарци со 69-42, додека јуниорките во Делчево беа подобри од домаќинот Патриот со 79-52.

Кај пионерките доминираше Теа Трајковска која во финалниот меч постигна 27 поени и е прогласена за МВП на завршниот турнир. Јана Пислевска беше најдобар во јуниорска категорија, постигнувајќи 17 поени во мечот за титулата.
Во женска конкуренција останува да се одигра уште завршниот турнир во У16 лигата каде Вардар ќе се обиде да освои уште еден трофеј и да ја потврди доминацијата во младинската кошарка во земјава.


