По финалните дуели во пионерската и младинската лига, екипите на Вардар и Водно Санс ќе се борат за титулата и во кадетска конкуренција.
Овие два тима обезбедија пласман во големото финале во У16 првенството и утре ќе го одлучат новиот шампион. Во денешните полуфинални дуели од завршниот турнир што се одржува во Градски парк и Вардар и Водно Санс остварија убедливи победи. Вардар го совлада домаќинот Работнички со 85-67, а Водно Санс беше подобар од Феникс со 92-71.
Финалната пресметка се игра утре од 20:30 часот, а од 18 на програмата е дуелот за третото место меѓу Работнички и Феникс.


