Екипата на Академија ФМП во нешто подобра атмосфера ќе оди на тринеделна пауза во првенството бидејќи вечерва славеше во директниот дуел за опстанок со Вардар.
Тимот на Љупчо Малинков триумфираше со 80-74, пред се поради подобрата игра во последната четвртина. Повеќе од 30 минути Вардар го диктираше темпото, но не издржа во финишот и го претрпе 11. пораз во низа.

Вардар првпат се одлепи по серијата од 8-0 во втората четвртина за водство од 30-22, на голем одмор замина со 41-33, а по три минути игра во третиот период ги достигна највисоките +15 (50-35). Академија ФМП тука го почна своето враќање, а го комплетира на помалку од седум минути пред крајот кога поведе со 67-65. Клучен момент беше сријата од 8-0 на домашниот тим за водстгво од 76-70, удар од кој Вардар не успеа да се врати.
Нилд со 19 поени и Брукс со 16 поени и 10 скока беа најдобри кај ФМП, додека Наков со 15 поени и 10 скока го предводеше Вардар.


