Најталентираната и најдобра млада кошаркарка во Македонија, Ања Начевска одигра извонреден натпревар и има огромна заслуга за триумфот на неговиот Вардар.
„Црвено-црните“ со многу мака го совладаа амбициозниот и квалитетен тим на Крива Паланка со 84-82, а 16-годишната Начевска беше прво име на мечот. За помалку од 22 минути во игра, таа постигна 24 поени, најмногу од сите на натпреварот, а додаде уште осум скока и три украдени топки. Шлаг на торртата беше слободното фрлање во последните секунди со кои стави точка на мечот.
Во нејзиниот тим се истакнаа уште Зафировска со 15 поени и Матје со 14 поени и 17 скока. Кај Крива Паланка, Мекала постигна 21, а Алексовска 20 поени.
Вардар се наоѓа на второто место на табелата во Првата женска кошаркарска лига со биланс од 11 победи и три порази, додека Крива Паланка е на четвртото место со 7/7.


