Ако до минатиот викенд изгледаше дека е готов за Втората лига, веќе денеска Вардар е со огромни шанси за опстанок во елитната конкуренција.
По триумфот против Академија ФМП, „црвено-црните“ денеска славеа и на гостувањето кај ослабениот Охрид со 80-72, па сега се израмнети со него, на три кола пред крајот на сезоната. Одлучи третата четвртина која Вардар ја доби со 80-72 и го комплетира пресвртот откако претходно домаќинот ги контролираше играта и резултатот.
На помалку од две минути пред крајот на првото полувреме, Охрид водеше со 47-36 за потоа Вардар да ја почне серијата која продолжи и во третата четвртина, а изнесуваше 20-0. Во финишот од тој период гостинскиот тим ги достигна и највисоките +12 (66-54), но и тука не беше крајот. На средината од последниот квартал Охрид се доближи на 66-68, на две минути пред крајот беше 71-74, но охриѓани не го направија последниот чекор и мораа да му честитаат на противникот.
Фуџет со 29 поени беше најефикасен во тимот на Вардар за кој Кис додаде 16, а Милков 14. Без двајца од четворицата странци, Ибраими и Димовски го предводеа Охрид со 12 поени.


