Американскиот кошаркар Делазарус Кис ќе биде засилувањето на Вардар во борбата за опстанок во Првата лига.
Се работи за крилен играч, висок 203 сантиметри, кому Вардар ќе му биде прво интернационално искуство во кариерата имајќи предвид дека досега настапувал само во САД. Колеџ-деновите ги поминал на универзитетот Тексас А&М каде минатата сезона одиграл 33 натпревари со просек од 6,2 поена и 6 скока.

Вардар во моментов е во долниот дел од табелата, а со Кис ќе се обиде да ја прекина долгата серија порази во првенството и да се спаси од испаѓање. „Црвено-црните“ имаат биланс со биланс 3/13, колку што има и Академија ФМП.


