Екипата на Вашингтон Стејт Универзитетот оствари уште една голема победа оваа сезона откако на домашен терен го совлада најтрофејниот тим во НЦАА, УКЛА.
Кугарс славеа со 77-65 и го продолжија притисокот врз Аризона во битката за првото место во Пацифик-12 конференцијата. Со оглед на тоа што им останува уште еден меч до крајот на основниот дел од сезоната и тоа против најголемиот ривал Вашингтон, единствената шанса е Аризона да загуби еден натпревар од двата треба да ги одигра – против УКЛА и УСЦ.
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски повторно беше еден од најзабележителните во својот тим. За 34 минути во игра, нашиот кошаркар дојде на чекор од дабл дабл, постигнувајќи 10 поени и 9 скока, а имаше и една загубена топка.


