Љубителите на НБА лигата вечерва нема имаат можност да следат натпревари од најсилната кошаркарска лига во светот.
За првпат во новата сезона, на програмата нема да има ниту еден натпревар, а причината е изборниот ден во Соединетите Американски Држави.
Лигата одлучи да го ослободи 3 ноември од натпреварувачки обврски со цел да им овозможи на кошаркарите, тренерите, вработените во клубовите и навивачите да учествуваат во изборниот процес.
Оваа иницијатива не е новина. НБА ја воведе во 2022 година, кога за првпат одлучи да не организира натпревари на денот на изборите за Конгресот. Истата практика продолжи и во 2023 и 2024 година, додека минатата година сепак имаше натпревари. Сега, со враќањето на паузата, ова е четвртипат во последните пет години НБА да нема натпревари на изборниот ден.
Наместо кошаркарска програма, сите 30 екипи беа на терен синоќа, кога се одигра комплетно коло со 15 натпревари. Играчите пред почетокот на средбите носеа маички со натпис „VOTE“, како дел од кампањата на лигата за поттикнување на граѓанското учество.
Паузата ќе трае само еден ден, бидејќи НБА се враќа во акција веќе во среда, на 4 ноември, кога навивачите ги очекува исклучително богата програма со дури 14 натпревари. Меѓу најинтересните дуели ќе бидат Филаделфија – Детроит и Далас – Сан Антонио.


