Новиот селектор на У20 репрезентација на Македонија, Никола Велев објави список од 18 кошаркари со кои ќе ги почне подготовките за претстојното Европско првенство Б-дивизија што ќе се одржи во Братислава.
Оваа селекција ќе биде прва од младинските репрезентации на Македонија кои ќе ги почнат подготовките и први кои ќе играат на континенталниот шампионат кој почнува на 10 јули. Подготовките почнуваат в понеделник во салата Градски парк во Скопје, во меѓувреме беа одржани селективни тренинзи од кои Велев го одреди поширокиот список на кошаркари кои ќе конкурираат за место на првенството.
Костурот го сочинуваат играчите кои пред две години го освоија златниот медал на Европското првенство Б-дивизија во јуниорска конкуренција (У18). Тоа ќе биде голема предност бидејќи нема да има потреба играчите да се воигруваат и запознаваат бидејќи повеќе од шест години се заедно низ младинските репрезентации. Единствен хендикеп е тоа што Велев ќе го нема на располагање Стефан Стојковиќ кој цела сезона се мачеше со повреда и не е подготвен за настап на шампионатот.
Планирано е во текот на подготовките да бидат одиграни неколку пријателски натпревари пред патувањето за Братислава.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Никола Јаничиќ – САД
Даниел Бутемер – САД
Даријан Димовски – САД
Лука Марјановиќ – САД
Давид Петрушевски – Италија
Сергеј Младеновски – Вардар
Матеј Митревски – Вардар
Димитар Зетов – Кожув
Коста Ќириловски – Кожув
Андреј Стојановски – Феникс
Амар Грбовиќ – Феникс
Атанасиј Трајанов – Водно санс
Бојан Димитриев – Водно санс
Горазд Митев – Водно санс
Марко Луканоски – Маџари
Сергеј Петровиќ – Гостивар
Андреј Чадамов – Тиквеш
Максим Трајковиќ – Работнички
Селектор: Никола Велев


