Репрезентацијата на Франција потврди дека во одлично расположение и фантастична форма ги дочекува Олимписките игри чиј домаќин ќе биде.
Синоќа „триколорите“ одиграа пријателски меч против Турција во Роан и победија со 50 разлика (96-46), на крилјата на првата ѕвезда во тимот Виктор Вембанјама. Центарот на Сан Антонио Спарс постигна 24 поени, 6 скока и 4 асистенции, а со неколку потези ги воодушеви љубителите на кошарката и над 4.500 навивачи во арената.
Wemby showed out in France's exhibition action 🔥
— NBA (@NBA) July 3, 2024
24 PTS (10-14 FGM)
6 REB
3 BLK pic.twitter.com/02ClozbmBf
Статистиката покажа дека во периодот кога Вембанјама бил на теренот, Турците од игра шутираше 1/24. Во цело второ полувреме, репрезентацијата на Турција постигна вкупно 18 поени.
Франција ги продолжува подготовките за Олимписките игри, а следните два пријателски меча ќе ги игра против актуелниот светски шампион Германија.


