Голден Стејт Вориорс ја прекина соработката со Крис Пол, но 39-годишниот плејмејкер веднаш најде нов тим.
Претстојната сезона тој ќе ја помине во тимот на Сан Антонио Спарс со кого потпиша договор за 11 милиони долари. Во екипата од Тексас тој е донесен за да го разигрува 20-годишниот суперстар Виктор Вембанјама.
„Тој е еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња. Одличен лидер, голем бореџ и секогаш е забавно да се гледа“, зборуваше Грег Попович за него.
Пол во својата кариера забележа 12 настапи на Ол стар натпревари, во 2013 година беше избран за МВП на оваа манифестација, а во Голден Стејт дојде лани, по три сезони поминати во Феникс. Претстојната сезона ќе биде 20. за Пол во НБА лигата со што ќе стане само 11. играч во историјата кому му успеало такво нешто.


