Евролигашките клубови имаа спектакуларно лето во кое донесоа голем број досегашни НБА кошаркари.
Тоа, заедно со вложувањата претходните години го направи елитното европско кошаркарско натпреварување уште поатрактивно за љубителите на овој спорт. На неполна недела пред почетокот на новата сезона во Евролигата, специјализираниот кошаркарски портал Еурохупс ги објави имињата на најплатените кошаркари.
На првото место е повратникот во Олимпијакос, Александар Везенков кој ќе заработи 4,1 милион евра. Зад него е Шејн Ларкин со 3,75 милиони, па Мајк Џејмс со 3 милиони евра, а понатаму следуваат Костас Слукас, Валтер Таварес, Кевин Пантер, Кендрик Нан, Никола Миротиќ, Дариус Томпсон, Еван Фурние итн.
Интересно е тоа што во топ-10 го нема новото засилување на Панатинаикос, Џеди Осман чија плата лани во Сан Антонио изнесуваше 6,7 милиони долари, а пред четири години му достигна 8,8 милиони.


