Бугарскиот репрезентативец Александар Везенков неодамна беше трејдуван од Сакраменто во Торонто, но тој нема желба да продолжи во НБА лигата.
Грчки медиуми тврдат дека тој има контакт со Олимпијакос и дека работи на тоа да се врати во Пиреја, но ситуацијата не е едноставна.
„Според претставниците на Репторс, заминувањето на Везенков од НБА и враќањето во Грција во моментов не е опција. Тој има уште една сезона од договорот и менаџментот не е расположен да го ослободи од обврските“, тврди американскиот новинар Мајкл Грејнџ.
Интересно е тоа што покрај Олимпијакос, за Везенков е заинтересиран и Панатинаикос чиј газда сака да направи уште еден сличен случај како Костас Слукас.


