Со нов тренер и со голем број нови кошаркари, екипата на Пелистер синоќа ги почна подготовките за новата сезона.
До крајот на овој месец, актуелниот вицешампион ќе тренира во Битола, а првиот пријателски дуел е закажан за 1 септември против Рилски Спортист во Бугарија. Потоа екипата оди на подготовки надвор од градот по што ќе се знае и распоредот за останатите пријателски натпревари.

Претстојната сезона за Пелистер ќе биде специјална од повеќе причини. Првпат во својата историја ќе учествува во Суперкупот на Македонија и ќе има нова можност да се бори за трофеј, а на почетокот на октомври ќе го одигра првиот меѓународен натпревар на домашен терен, во рамките на АБА 2 лигата, против Широки.


