Црвена Звезда ја прекина серијата од четири порази во Евролигата откако вечерва ја совлада Алба со 92-71, но централна личност на мечот беше тенискиот ас Новак Ѓоковиќ.
Некогашниот прв светски рекет дојде во Пионир пред крајот на првото полувреме, но по своето пристигнување не седна на вообичаеното место, туку чекаше да заврши втората четвртина и застана во близина на најжестоките фанови на Црвена Звезда. Тоа предизвика еуфорија во гледалиштето, па навивачите неколку минути го скандираа неговото име иако се доби впечаток дека Ѓоковиќ не сака многу помпа.
Wow. The love for Djokovic 🙏pic.twitter.com/IzJiHwoYNK
— Dan Gernez (@GernezDan) November 7, 2024
На паузата меѓу двете полувремиња Ѓоковиќ седна на своето место, ги пееше навивачките песни на Звезда, реагираше на судиските одлуки и си замина задоволен поради четвртата победа на неговиот омилен тим. По мечот сите кошаркари на Звезда отидоа да се поздрават со него и заедно да ја прослават победата.
Nole supporting his favorite team @kkcrvenazvezda 🔴⚪️ in the Euroleague 🏀#kkcz #Djokovic #kkcrvenazvezda #Euroleague pic.twitter.com/PJUgqN9HHO
— ميرو النوليستا ²⁴ 🥇🐊 (@Que_Mes8) November 7, 2024
Ова беше негова прва посета сезонава на натпревар на Црвена Звезда во Евролигата, но може да се очекува почесто да присуствува во следниот период бидејќи крајот на годината ќе учествува само на завршницата од Дејвис купот.


