Еден од најинтересните дуели на мечот меѓу Србија и САД е оној на центрите Никола Јокиќ и Жоел Ембид, двата последни освојувачи на МВП признанието.
Во првата четвртина многу подобро се снајде Србинот кој доби неколку дуели против новиот американски репрезентативец.
Најинтересен беше неговиот потег под кошот на САД кога го изврте Ембид, го остави далеку зад себе и потоа лесно поентираше.


