Денвер Нагетс славеше во дербито на вечерта против Лос Анџелес Лејкерс, благодарение на одличната игра на Никола Јокиќ и Џамал Мареј.
Мечот се одигра во сенка на церемонијата на откривање на статуата во чест на Коби Брајант. Денвер победи со 114-106, а Јокиќ за една асистенција не стигна до трипл дабл.
Шампионот имаше +15 (64-49) на почетокот од третата четвртина и се чинеше дека се решени сите дилеми околу победникот, но Лејкерс сепак дојдоа до израмнување (94-94) на околу пет минути пред крајот. Во завршните минути Денвер го издржа притисокот и дојде до победата, трета победа по ред и со која го задржа чекорот со лидерот во Западната конференција, Минесота.
Јокиќ го заврши натпреварот со 24 поени, 13 скока и 9 асистенции, а најефикасен во неговиот тим беше Мареј со 29 поени на кои додаде 11 асистенции. Ентони Дејвис со 32 поена беше прв играч на Лејкерс, додека Леброн Џејмс стигна до 25 поени, 9 скока и 7 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Голден Стејт 109-131
Орландо – Сан Антонио 127-111
Бруклин – Кливленд 95-118
Њујорк – Далас 108-122
Мемфис – Чикаго 110-108
Милвоки – Минесота 105-129
Феникс – Јута 129-115
ЛА Лејкерс – Денвер 106-114
Портланд – Детроит 122-128


