Прогнозите од пред почетокот на сезоната, дека Денвер нема сили да се вмеша во борбата за највисок пласман, се покажаа реални уште на првиот меч на тимот од Колорадо.
Шампионот од 2023 година доживеа убедлив пораз од Оклахома на домашен терен со 87-102 и покрај трипл дабл ефектот на Никола Јокиќ. Единствено што вредеше од Денвер на овој меч беше почетокот бидејќи на средина од првиот квартал, домаќинот водеше со 19-10. Се останато помина во знакот на Оклахома која до половината на третата четвртина имаше достижно водство, а потоа направи серија од 10-0 и отиде на 85-66 што се покажа недостижно за Денвер.
Гилџес Александер и Чет Холмгрен доминираа на теренот, првиот постигна 28 поени, 8 асистенции и 7 скока, а вториот оствари дабл дабл со 25 поени и 14 скока. Никола Јокиќ ја почна сезоната со трипл дабл од 16 поени, 13 асистенции и 12 скока, но тоа може да послужи само за неговата статистика бидејќи тоа не беше доволно за триумф на Денвер.
Шампионот Бостон го одигра вториот натпревар во новата сезона и веќе е на биланс 2/0 бидејќи го совлада Вашингтон како гостин со 122-102.
РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Бостон 102-122
Далас – Сан Антонио 120-109
Денвер – Оклахома 87-102
Сакраменто – Минесота 115-117


