Само еден ден откако постави рекорд на кариерата со 56 поени, Никола Јокиќ одигра уште еден блескав натпревар во НБА лигата.
Неговиот Денвер гостуваше во Атланта, а српскиот ас заврши со 48 поени, 14 скока и 8 асистенции, со тоа што овојпат тимот од Колорадо славеше со 141-111. Сега имаше помош од соиграчите иако повторно не играа Мареј и Шариќ. За околу 24 часа, Јокиќ постигна 104 поени, но направи нешто што се чекаше од 1963 година, а што му успеало само на Вилт Чембрлен. Србинот му се придружи како втор играч во историјата на НБА кому му успеало на два меча по ред да постигне најмалку 45 поени, 10 скока и 5 асистенции.
Уште од почетокот Денвер влезе максимално мотивирано и фокусирано. Тоа се одрази на резултатот, па по првата четвртина веќе беше 38-23, а на голем одмор се замина со 71-46. Никола Јокиќ по првото полувреме имаше 25 постигнати поени и тоа беше најава дека ќе има уште една блескава вечер.
Покрај Јокиќ, кај Нагетс се истакнаа уште Портер со 26, Браун со 17 поени, како и Вестбрук со 9 поени и 11 асистенции. Најефикасен кај Атланта беше Хантер со 20 поени, Богдановиќ не играше, а Јанг постигна 15 поени и 10 скока.
РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс – Портланд 107-98
ЛА Клиперс – Хјустон 106-117
Сакраменто – Јута 141-97
Голден Стејт – Минесота 114-106
Сан Антонио – Њу Орлеанс 121-116
Вашингтон – Мемфис 112-140
Орландо – Феникс 115-110
Атланта – Денвер 111-141
Мајами – Кливленд 122-113
Индијана – Шарлот 109-113
Бруклин – Милвоки 113-118
Чикаго – Филаделфија 100-108


